15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEurowings се повлекува од рускиот пазар

Eurowings се повлекува од рускиот пазар

eurowings333

Германската нискотарифна авиокомпанија Eurowings на крајот на октомври поради економски причини ќе се повлече од рускиот пазар, а во моментов се бараат алтернативни решенија за патниците кои купиле билети преку оваа компанија за сезоната есен-зима, пренесуваат српските медиуми.

Eurowings, чија матична компанија е групацијата Lufthansa, во октомври минатата година започна со шест летови неделно на линија Москва-Берлин. Компанијата влезе на рускиот пазар откако Air Berlin, Airlines System и Etihad Airways објавија дека ги укинуваат летовите за Русија од јануари годинава, при што Air Berlin како причина за ова ја наведе слабата побарувачка.

Остриот пад на пазарот на летови помеѓу Русија и Германија се случи пред две години по намалувањето на побарувачката во категоријата на бизнис клиентите, додека, пак, туристичките патувања останаа скоро на исто ниво.

Руската индустрија за авио превозот поминува низ тежок период, со оглед на тоа што патувањата од Русија во странство, изземајќи ги поранешните советски републики, падна за 18,6 проценти минатата година. Меѓународите летови на странските авиопревозници од Мосвка минатата година се намалија за 17,6 отсто, додека пак меѓународните летови од Русија се намалија за скоро 30 процети во периодот од јануари до јуни годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП