6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските спортисти беа само учесници на ОИ во Рио

Македонските спортисти беа само учесници на ОИ во Рио

mak

Со спектакуларна церемонија, која не ја спречи ниту дождот, во Рио де Жанеиро, завршија 31-те Летни олимписки игри, први кои беа организирани на јужноамериканска почва.

На Игрите во Рио настапија повеќе од 11.000 спортисти од 206 држави, кои се натпреваруваа во 28 спортови. Дел од олимпијадата беа и шестмина македонски спортисти, кои според прогнозите беа само учесници на најголемата спортска смотра.

Стрелачката Нина Балабан, прва настапи од македонските спортисти, во дисциплината 10 метри воздушна пушка, таа го освои 42-то место во конкуренција на 51 натпреварувачка. Балабан имаше резултат од 407,7 кругови, резултат кој реално е под нејзините можности.

Пливачите Анастасија Богдановски и Александар Блажевски своите настапи ги завршија во прелиминарната фаза, но со државни рекорди, што и беше нивна главна цел на оваа олимпијада.

Богдановски, која на отворањето на Игрите го носеше македонското знаме, настапи во дисциплината 200 метри слободно и во конечниот пласман заврши на 33-то место.

Богдановски оствари време две минути и 52 стотинки.

Нејзиниот колега Блажевски во дисциплината 200 метри мешано, заврши на 26-то место во конечниот пласман со време 2:02.54 минути.

Атлетичарот Ристе Пандев, во Рио настапи на две трки во квалификациите на 100 метри и успеа да го оствари својот најдобар резултат оваа година. Во првиот квалификациски круг Пандев победи во својата група со резултат 10,72 секунди, за потоа во четврт-финалето да биде деветти во својата група, во која прв беше Џастин Гетлин, со време 10,71 секунди.

Дрита Исљами се појави во квалификациите на 400 метри со пречки, таа заврши на 45-то место во конкуренција на 48 натпреварувачки. Исљами забележа време од 1:01.18 минути.

Џудистката Катерина Николоска (категорија -63 килограми), немаше доволно среќа во својот настап против Турчинката Бусра Катипоглу. Таа борбата во првото коло ја загуби во продолжението со казнен поен, откако претходно резултатот беше нерешен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП