16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтетите од природните катастрофи во првата половина од годинава достигнале 71 млрд...

Штетите од природните катастрофи во првата половина од годинава достигнале 71 млрд долари

polavi3353

Природните катастрофи, како земјотресите и пожарите, во првата половина од 2016 година ја чинеле светската економија 71 милијарда американски долари, или 62 милијарди евра, извести швајцарската компанија за реосигурување „Swiss Re“.

Оваа сума е за 38 отсто поголема од онаа за истиот период минатата 015 година, објави во четвртокот „Swiss Re“, вториот според големината реосигуравател во светот, додавајќи дека само три милијарди долари штети се поврзани со дејствија на луѓето, додека остаток им се припишува на природните катастрофи.

Бројот на човечките жртви, пак, во првата половина од 2016 година бил двојно помал отколку во првите шест месеци од минатата година, со настрадани 6.000 луѓе во катастрофалните настани, наведуваат од „Swiss Re“.

Светската индустрија за осигурување покрила вкупно 44 отсто од загубите поврзани со природните катастрофи, во висина од 31 милијарда долари, што е 51 отсто повеќе отколку во првата половина од 2015 година.

За осигурувателите во првата половина од оваа година најскапи биле разорните бури во САД и во Европа, истакнуваат од швајцарскиот реосигурувач.

Три одвоени временски непогоди во САД ги чинеле осигурателите малку повеќе од 7 милијарди долари, се наведува во извештајот при што се издвојува примерот со априлската бура во Тексас и штетите причинети од градот, кои предизвикале трошоци на осигурувањето од 3,1 милијарди долари.

Европа, пак, на ударот на силните бури се најде кон крајот на мај и почетокот на јуни, при што Франција и Германија беа особено погодени од громови и поплави. Најмалку 18 луѓе загинаа во поплавите поради кои луѓето остануваа заробени во своите домови, соборени се стебла и далноводи, прекинати беа патниот и железничкиот сообраќај, а помош преку преплавените улиците пристигнуваше со чамци.

Вкупните осигурени загуби од тие бури и поплави во Европа изнесувале 2,8 милијарди долари, се наведува уште во извештајот на „Swiss Re“.

Јапонија, пак, во април беше погодена од низа смртоносни земјотреси во кои загинаа 64 луѓе, настанаа големи структурни оштетувања и избувнаа пожари и урнати згради. Трошоците на осигурувањето надминале 5,6 милијарди долари, се наведува во соопштението.

На спротивната страна од светот, во Еквадор, земјотресот со магнитуда 7,3 уништи мостови и згради и усмрти 668 луѓе. Иако, тоа беше најсмртоносниот настан во првата половина од годинава, поради ниската покриеност со осигурувањето, отштетите изнесувале само 400 милиони долари, додаваат од „Swiss Re“.

Разорните пожари во канадската северна покраина Алберата поттикнаа евакуација од 100.000 луѓе и затворање на производството во нафтените постројки. Осигурените загуби изнесувале 2,5 милијарди долари, како и споменатите пожари спаѓаат меѓу најскапите во историјата на индустријата на осигурувањето, наведуваат од „Swiss Re“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП