7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген го прекина производството на „голф“

Фолксваген го прекина производството на „голф“

golfce

Германската автомобилска компанија Фолксваген моментално е во проблеми заради прекинот на производството на автомобилот „голф“, бидејќи компанијата Превент од Волфсбург не испорачува компоненти.

Од Фолксваген е соопштено дека проблемот се однесува исклучиво на производството на голф, но не и на останатите типови на возила, како „тигуан“ или „туран“.

Заради проблеми со добавувачите повеќе од седум илјади работници од оваа компанија се прераспределени на други работни места.

Членката на Превент групата Car Trim, покрена судски спор со Фолксваген, па до завршувањето на спорот ја прекина испораката на авто навлаки.

Во меѓувреме, и друга членка на Превент групата од Германија, ES Automobilguss, ја прекина испораката на делови што се вградуваат во моторите, па исто покрена судски спор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП