28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle отвора продавница на YouTube во Лондон

Google отвора продавница на YouTube во Лондон

yuobe

„Google“ ќе отвори физичка продавница на „YouTube“ во Лондон, каде популарните ѕвезди од видео платформата ќе можат да продаваат свои промотивни сувенири.

Местото ќе се нарекува „Creator Store“ и ќе ги отвори врати во рамките на следните четири недели. Тоа ќе биде дел од новиот простор на „YouTube“, наречен „YouTube Space“ што беше отворен оваа недела на првиот кат во 11-катната канцеларија на „Google“ на „King’s Cross“.

Продавницата ќе продава маици, книги, чаши за кафе, рамки за слики и други производи, создадени од дизајнерите и тимови кои работат со дел од најпопуларните креатори на содржини на „YouTube“. Освен тоа, може да се користи за доделување на автограми на книги и презентација на нови производи.

Дарлингтон Хауард, виш програмски стратег во „Google“, одговорен за „YouTube“, коментира дека целата добивка од продавницата ќе оди кај креаторите на содржини.

„YouTube Space“ вклучува и три студиа кои можат да се искористат од предметните популарни личности. Во просторот има бар и место за средба, кои се отворени за сите.

Местото е создадено за да им помогне на лицата од „YouTube“ да го подобрат квалитетот на своите видео содржини, така што ќе им даде пристап до работилници и до опрема која инаку не би можеле да си ја дозволат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП