11 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот спортски Audi Q2 веќе е на пазарот (фото+видео)

Првиот спортски Audi Q2 веќе е на пазарот (фото+видео)

Static photo, Colour: quantum gray

„Audi“ ја пушти на пазарот првата спортска модификација на најмалиот кросовер „Q2“. Верзијата „Edition # 1“ е посветена на стартот на продажбата на моделот во Европа.

Static photo, Colour: quantum gray

Специјалниот „Q2“ се разликува од стандардниот автомобил по дополнителниот пакет „S-Line“. Каросеријата е бојадисана во темно-сива боја, а праговите, крилата и долниот дел на браникот – во црна. Во иста боја се уште решетката на ладилникот, куќиштето на страничните ретровизори, како и 19-инчните тркала.

Static photo, Colour: quantum gray

Во листата со стандардна опрема на возилото, влегуваат „LED“ фарови и дневни светла, спортски седишта, кожен волан и декоративно осветлување на кабината, кое нуди избор од 10 различни бои.

q2 sport2

Модификација „Audi Q2 Edition # 1“ може да биде нарачана со секој од понудените мотори за моделот. Тоа се бензински мотори со зафатнина од 1,0, 1,4 и 2,0 литри, како и дизели со 1,6 и 2,0 литри. Менувачите се 6-брзински мануелен и 7-степен „DSG“. Системот за погон на четири тркала се нуди како опција.

q2 07

Стандардниот „Q2“ излегува на пазарот во септември, а цените стартуваат од 24.900 евра. Спортската модификација ќе се појави во исто време, а цените ќе започнуваат од 27.650 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП