4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Raiffeisen за вториот квартал остана под очекувањата

Профитот на Raiffeisen за вториот квартал остана под очекувањата

Raiffeisen-bank-russia333

Профитот на „Raiffeisen Bank International AG (RBI)“, австриската банка, чија матична компанија беше меѓу најслабо претставените банки на европските стрес тестови, се намалува за половина во вториот квартал поради загуби во Азија и пад на нето каматниот приход, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката се намалува до 96 милиони евра од 192 милиони евра пред една година. Тоа е под очекуваниот просек од страна на аналитичарите од 134 милиони евра.

Приходите остварија пад од 11% поради падот на нето каматниот приход од 14% до 738 милиони евра. Покрај тоа, компанијата оствари трошоци во азиското портфолио, со што се намалува.

„Поради континуираната средина со пониски камати и намалувањето на кредитните стапки, нашата добивка останува под притисок. Подобрувањето на нашата капитална база останува главен приоритет“, коментира извршниот директор на банката Карл Севелда.

„RBI“ бара начини да ги засили капиталните амортизери, така што ќе продаде средства и ќе ја поедностави структурата. Обидите станаа императив откако стрес тестовите на европските супервизори спроведени во јули, покажаа дека компанијата мајка е третиот најслабо капитализиран трезор. Само „Banca Monte dei Paschi di Siena SpA“ и „Allied Irish Banks Plc“ покажаа послаби резултати.

Сопствената капитална адекватност на „RBI“ се зголеми за повеќе од очекуваното и веќе ја постигна целта на групата за крајот на следната година. Основниот капитал од прв ред (CET 1) се зголеми до 12,2% од ризичните средства кон 30-ти јуни 2016-та година со 70 базични поени.

Соодносот е над целта на банката од 12 отсто до крајот на 2017-та година. Банката го има подобрено коефициентот, така што го намалила кредитниот и пазарниот ризик, додека нивото на капиталот остана непроменет.

Уделот на лошите кредити се намали за 0,1 процентни поени до 10,4%, наведува „Ројтерс“.

Најголемата зделка во планот за реструктуирање на „Raiffeisen“ е спојувањето на „RBI“ со компанијата мајка „Raiffeisen Zentralbank Oesterreich AG“, која држи 61% од капиталот.

Акциите на „Raiffeisen“ забележаа пад на цената за 2% до 11,53 евра. Тие од својата вредност загубија скоро 15% од почетокот на годината. Пазарната капитализација на банката изнесува 3,4 милијарди евра, или 0,4 пати според сметководствената вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП