6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Колку чинат златните олимписки медали?

График на денот: Колку чинат златните олимписки медали?

medalite 05

Иако медалите од Олимпијадата во Рио во моментов се најголемите според големината во историјата на игрите, златото определено за најдобрите спортисти во светот е незначителна.

Всушност златните медали се направени од 98,8% сребро со само еден тенок слој од 1,2% златен слој, објави „VisualCapitalist“. Златниот слој е во согласност со минималните барања на Меѓународниот олимписки комитет, кои одредуваат колку точно од благородните метали треба да има во златните медали – само шест грама.

medalite 01

Цената на суровините за еден златен медал во моментов се базираше на неговиот состав, е 548 долари. Речиси половина од оваа сума доаѓа од овие шест грама злато, а останатиот износ од 494 грама сребро.

Сребрените и бронзените медали чинат соодветно 292 долари и 2,16 долари. Земајќи го во предвид фактот дека на игрите ќе бидат поделени 812 златни, 812 сребрени и 864 бронзени медали, вкупната вредност на сите медали е 683.778 долари. Самите сребрени медали се направени само од сребро, а за бронзениот се користат 95% бакар и 5% цинк.

medalite 03

Спортистите не биле наградувани со златни медали од чисто злато од Олимпијадата во Стокхолм во 1912-та година.

medalite 04

Секој златен медал на Игрите во Рио во моментов чини 548 долари, и тоа само врз основа на цената на суровините. Ако беа од чисто злато, овие трошоци би се зголемуваат до 21.674 долари за медал. Тоа значи дека ако сите 812 златни медали беа од чисто злато, нивната заедничка цена би била 17,6 милиони долари. А тоа дури и не ги вклучува трошоците за обработка или за заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП