7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје оствари добивка од половина милион евра за првото полугодие

Фершпед АД Скопје оствари добивка од половина милион евра за првото полугодие

Fersped-logo

Фершпед АД Скопје за периодот Jануари – Jуни 2016 година оствари оперативна добивка во износ од 32.928 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Фершпед АД Скопје нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи за период Јануари – Јуни 2016 година изнесуваат 1.398.597 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2015 година  бележат  пад од 7%.

Оперативните приходи изнесуваат 1.385.879 илјади денари и бележат пад од 7 % во однос на оперативните приходи за истиот период 2015 година.

Најголемо учество со 96 % во вкупните приходи имаат приходите од продажба. Останатите оперативни приходи и финансиките приходи бележат раст во однос на истиот период минатата година.

Вкупни расходи

Вкупните расходи за период Јануари – Јуни 2016 година во износ од 1.365.307 илјади  денари бележат пад од 9 % во однос на вкупните расходи  за истиот период  2015 година. Најголемо учество со 67 % во вкупните расходи  имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци.

Финансиските расходи  бележат пад во однос на  истиот период  минатата година.

Остварената нето добивка  за  периодот Jануари – Jуни 2016 година изнесува 33.290 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по кредити на Фершпед АД Скопје за првото полугодие во 2016 година изнесуваат 396.734 илјади денари. Истите бележат пад од 39% во споредба со истиот период 2015 година и претставуваат 14% од капиталот и резервите.

Реализацијата на планот за период Јануари – Јуни 2016 година е во рамките на планираните активности.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП