3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМелбурн шеста година по ред е најудобен град за живеење

Мелбурн шеста година по ред е најудобен град за живеење

melburn335

Мелбурн, еден од најпознатите градови во Австралија, шеста година по ред е најудобен град за живеење во светот според традиционалната анализа на Economist Intelligence Unita (EIU).

EIU го рангира квалитетот на живот во 140 градови според 30 критериуми, меѓу кои се безбедноста, здравствената заштита, образованието, инфраструктурата, културата.

Втор на листата е Виена, потоа следат Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделаида, Перт, Окланд и Хелсинки и Хамбург.

„Секогаш планираме и спроведуваме политика која го унапредува квалитетот на живот во градот“, изјави градоначалникот на Мелбурн.

Според организацијата животот е најудобен во градови со средна големина во богати земји со релативно ниска густина на населението.

„Тоа овозможува ширење на рекреативните активности без подигнување на нивото на криминал или преоптеретување на инфраструктурата“, се вели во извештајот.

На дното на листата остануваат Дамаск, Триполи и Лагос. Единствен европски град кој се наоѓа во најлошите десет е Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП