ПочетнаКОМПАНИИРуската влада се откажа од продажбата на својот дел во Башњефт

Руската влада се откажа од продажбата на својот дел во Башњефт

bashnjevt

Руската влада неочекувано го запре процесот на продажба на својот удел во нафтената компанија Башњефт.

Приватизацијата на ова компанија беше планирана во рамки на програмата за приватизација наменета за подигање на ниските финансиски резерви на Русија.

Одлуката за одлагање на продажбата на Башњефт на неодредено, која наводно ја донел рускиот премиер Дмитриј Медведев, со согласност на претседателот Владимир Путин, доаѓа откако руското Министерство за економија ги собра понудите на компаниите заинтересирани за државниот удел во Башњефт, кој се проценува на 4,7 милијарди долари.

Руската Влада поседува 50,8 отсто од акциите во таа компанија, додека 25 отсто плус една акција се наоѓа во сопственост на регионот Башкортостан, каде што е седиштето на Башњефт.

Акциите на Башњефт по отворањето на Московската берза паднаа десет отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП