28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Претеруваат ли производителите со претставувањето на нови смартфони?

График на денот: Претеруваат ли производителите со претставувањето на нови смартфони?

smrti333

За неколку недели се очекува „Apple“ да го претстави својот нов „iPhone 7“. Иако технолошките изданија со радост известуваат за секоја гласина за тоа како ќе изгледа и што ќе вклучува најновиот смартфон на компанијата, изгледа корисниците не се толку возбудени од појавата на новиот „iPhone“, така како што беа порано, коментира „Statista“.

Според податоците објавени од „Greenpeace“, корисниците на мобилни телефони во светот веќе не се толку склони да се движат со ритамот, кој донесе сериозни добивки на „Apple“, „Samsung“ и другите компании. И ако промената на стариот со нов мобилен телефон барем еднаш на две години имаше смисла пред неколку години, кога технологијата на смартфони се движеше во нагорна линија, денешните подобрувања во голема мера се секундарни и корисниците веќе не гледаат потреба толку често да купуваат нов уред.

Со оглед на фактот дека корисниците сега имаат тенденција да продолжат да ги користат смартфоните повеќе од две години, многумина сметаат дека производителите треба да се прилагодат и да презентираат помалку модели, отколку што тоа го прават во моментов.

Графиконот денес покажува токму колку корисници на различни пазари сметаат дека производителите треба да претставуваат помалку нови модели.

smrti334

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП