20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкционерите на Deutsche Börse го одобрија спојувањето со LSE

Акционерите на Deutsche Börse го одобрија спојувањето со LSE

berza london33

Германската „Deutsche Börse“ доби широка поддршка од своите акционери за планираното спојување со Лондонската берза (LSE).

89,04% од сите акционери дале зелено светло за договорот. Утврдениот рок за усвојување на предлогот истече на 12-ти август на полноќ, но резултатите станаа познати дури сега.

Во март двете берзи објавија за прв пат дека имаат намера да се спојат. Процесот сепак не помина без предизвици, од кои еден е гласањето на Велика Британија за напуштање на Европската унија.

„Brexit“ ја засилува несигурноста околу зделката, па затоа се повеќе критики има во Германија поради предлогот седиштето на новата комбинирана компанија да се наоѓа во Лондон. Некои потенцијални конкуренти за стекнувањето на „LSE“ може да се откажат да направат понуда, коментира пред „Bloomberg“, Бен Кели, аналитичар во „Louis Capital Markets“.

Потенцијалниот договор помеѓу двата најголеми пазарни оператори во Европа ќе создаде регионален „шампион“ и ќе стане главен финансиски центар – Лондон, во мост меѓу останатите берзи на континентот.

Од 2000-та година двете берзи на два пати се обидуваа да се обединат. Првиот пат договорот беше блокирана по конкурентната понуда од страна на шведскиот пазарен оператор „OMX“.

Во 2004-та година, пак, акционерите не ја одобрија идејата за обединување, а и регулаторите ги изразија своите стравувања дека договорот помеѓу двете берзи ќе ја наруши конкуренцијата на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП