16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилна апликација за помош на загрозените од поплавите

Мобилна апликација за помош на загрозените од поплавите

helpmark33

Со цел да се помогне на локалното население кое претрпе штети од поплавата и волонтерските акции да бидат по координирани екипата на System4Enterprise создаде мобилна апликација – HelpMark.me која што овозможува маркирање на потреба од помош на одредени локации и ја олеснува координацијата при доставата на истата.

Апликацијата е платформа каде имаат можност да се спојат волонтерите и оние кои имаат потреба од помош.

Како функционира HelpMark.me?

1.Пријави потреба од помош на локацијата на која се наоѓаш.

2.Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус “потребна помош”.

3. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен.

HelpMark.me можете да ја симнете директно на вашиот телефон преку Google Play Store.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП