ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа под 49 долари

Цените на нафтата паднаа под 49 долари

nafta 4839

Цените на нафтата на меѓународните берзи во среда се лизнаа под нивото од 49 долари, под влијание на шпекулациите дека евентуалниот договор на производителите за намалување на производството нема значително да го намали прекумерното снабдување на пазарот.

На лондонската берза цената на барелот падна 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,76 американски долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 46,4 долари.

Одвоено, ОПЕК објави дека референтната цена за барел на неговата нафта во вторник изнесувала 45,03 долари, што значи дека пораснала 1,11 долари во однос на претходниот трговски ден.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП