27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе произведува мобилни ARM процесори во фабриките на Intel

LG ќе произведува мобилни ARM процесори во фабриките на Intel

arm p3

„LG“ ќе е првата компанија која ќе ги користи новите производствени капацитети на „Intel“ за 10-Нм мобилни процесори. Двете компании објавија дека „LG“ ќе произведува мобилни процесори во фабриките на „Intel“ за време на „Intel Developer Forum“.

Новите фабрики на „Intel“ ќе можат да произведуваат и „ARM“ процесори кои се најпопуларните меѓу мобилните уреди во моментов. Во сега останатите компании произведуваат такви процесори по 14-Нм технологија. „TSMC“ ќе биде меѓу првите што ќе преминат на 10-Нм технологија до крајот на оваа година. „Samsung“ исто така има слични намери.

„LG“ во моментов доживува потешкотии на пазарот на смартфони, поради тоа што компанијата не успеа да го наметне својот процесор и хардверска платформа „Nuclun“. Партнерството со „Intel“ ќе и даде нова шанса и побрзо да почне да користи 10-Нм технологија, без да вложува големи ресурси. Засега и двете компании ги чуваат во тајност деталите од проектот. Тој треба да почне да се реализира во текот на следната година.

Ова ќе е и сериозна промена за „Intel“, која досега се потпираше на своите „Atom“ процесори за мобилни уреди. Тие немаат голема популарност, а лидер останува архитектурата „ARM“ најмногу во процесорите на „Qualcomm“. Доаѓањето и на „Intel“ во „ARM“ сепак може да го промени пазарот, особено ако партнерството со „LG“ е успешно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП