Според листата на најиновативни економии во светот, проект на Светската организација за заштита на интелектуалната сопственост(WIPO), Универзитетот Корнел(Cornell) и бизнис школата Инсид(Insead), Македонија се наоѓа на 58. место.
Од земјите во регионот Србија е позади нашата земја на 65. место, Босна и Херцеговина на 87. место, додека пак подобри од нас се Словенија 32. место, Хрватска на 47. место и Црна Гора на 51. место.
Меѓу 128 држави на овогодинешниот “Global Innovation Index”(GII), убедливо доминираат европските претставници, па така прва е Швајцарија, втора Шведска, а трета Велика Британија.
Во формирање на листата на најиновативни економии земени се во предвид неколку работи, како што се развојот на инфраструктурата, стабилност на институциите, пазарна и бизнис софистицираност, креативно производство и истражување.