7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонијатурист А.Д. Скопје со добивка од 1 милион евра за првото полугодие

Македонијатурист А.Д. Скопје со добивка од 1 милион евра за првото полугодие

mak

Со работењето Друштвото шесте месеци од 2016 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 69,07 мил. денари која е за 3% помала во однос на истиот период од претходната 2015 година или нето добивка 62,41 мил. денари која е за 11% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавно заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени усови на работење на економиите во земјите од ЕУ, кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економија.

Вкупните приходи до 30.06.2016 год. изнесуваат 188,85 мил. денари и се остварени со 93% во однос на истиот период од претходната година, истите се намалени за 7% во споредба минатата 2015 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2016 год. изнесуваат 119,78 мил. денари и се намалени за 3% во однос на истиот период од 2015 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.

Со оглед на фактот дека Друштвото работеше во услови на нелојална конкуренција на пазарот и под влијание од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економијата, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во првите шест месеци од тековната 2016 година.

Имајќи го во предвид напред изнесеното остварените резултати се задоволителни. • Во наредното трето тромесечие од 2016 год. Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на минатата година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП