2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Роснефт за вториот квартал e со 34-процентен пад

Профитот на Роснефт за вториот квартал e со 34-процентен пад

The Kremlin is reflected in the polished

Профитот за вториот квартал на најголемиот производител на нафта во Русија, „Роснефт“ е намален за околу 34%, пишува „Bloomberg“. Тоа сепак е над оценката на аналитичарите, иако обновувањето на цените на нафтата е под ценовните нивоа од минатата година.

Нето добивката е намалена до 89 милијарди рубљи (1,4 милијарди долари) во вториот квартал од 134 милијарди рубљи една година порано, соопшти компанијата со седиште во Москва. Тоа е над просечната оценка за 83 милијарди рубљи на 9 аналитичари анкетирани од „Bloomberg News“. Приходите се намалиле за 7,9% до 1,23 илјади милијарди рубљи.

„Резултатите ги надминуваат очекувањата поради еднократно намалување на оперативните трошоци“, рече Александар Корнилов, нафтен аналитичар во „Aton“, цитиран од „Bloomberg“. Еднократниот ефект од обновувањето на инвентарот кај нафтопреработвачките фабрики помогна за намалување на оперативните трошоци до 123 милијарди рубљи, со 10 отсто под трошоците од претходните три месеци, вели Корнилов.

Како резултат на падот на цените на суровините, Русија се соочува со втора година на рецесија. Владата размислува за продажба на речиси 20% од „Роснефт“ – најголемата компанија во Русија, уште во текот на оваа година, за да помогне да се пополни дупката во буџетот. Државните финансии понесоа товарот од падот на нафтата, а самите компании се заштитени од прогресивниот даночен систем.

Добивката пред камата, даноци, депресијацијата и амортизацијата изнесува 348 милијарди рубљи, се наведува во соопштението. Оценката на аналитичарите беше за 307 милијарди рубљи.

Слободните парични текови се 1,3 милијарди долари, а во порака од 9-ти август „Sberbank“ наведува дека според нејзината оценка тие се под 1 милијарда долари. Нето долгот е намален до 23,4 милијарди долари од 23,9 милијарди долари на крајот на првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП