2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји се главни снабдувачи на нафта во ЕУ?

График на денот: Кои земји се главни снабдувачи на нафта во ЕУ?

nafta 038

Руските добавувачи доминираат според обемот на нафта, доведен во Европската унија, а поголемиот дел од увозот доаѓа од „нестабилните земји“, покажуваат податоците од новото истражување на „Cambridge Econometrics for Transport & Environment“ (T&E).

Според истражувањето 88% од целата сурова нафта во ЕУ е од увоз, а осум од десетте најголеми снабдувачи на нафта во Европа се неевропски компании, објави „oilprice.com“.

Руските компании испорачуваат 36% од суровата нафта во ЕУ, а на „Роснефт“ се отпаѓаат 20%, додека на „Лукоил“ – 12%. Останатите 4% се обезбедени од „Газпром“. Само две компании базирани во ЕУ компании – „Shell“ и норвешката „Statoil“, се во топ 10 на производителите кои го снабдуваат регионот со нафта.

„Непотребната употреба на нафта од Европа ги полни џебовите на големи нафтени компании во земји, како Русија и Либија”, вели експертот за нафтена политика во „T & E“, Лора Бафет.

Освен од Русија и Либија поголемиот дел од европската нафта доаѓа од земји, определени од истражувачите во извештајот како „нестабилни“, вклучувајќи ги Азербејџан, Казахстан, Нигерија и Ангола.

Зголемената зависност на Европа од сурова нафта изгледа се совпаѓа со нејзината зависноста од дизелот, која е двојна помеѓу 2001-ва и 2014-та година, се вели во извештајот.

За време на истиот период домашното производство на сурова нафта и увозот на таква од релативно стабилните земји се намалени, што ја прави Европа се повеќе зависна од нестабилните земји, за да ја задоволува растечката побарувачка.

Аналитичарите од „T & E“ повикуваат за намалување на емисиите на јаглерод од транспорт и нудат пренасочување кон електричните автомобили, што ќе доведе до раст од 1% на БДП-то на ЕУ, и ќе создаде до 2 милиони нови работни места и ќе ги намали емисиите од автомобилите и комбињата за 83 % до 2050-та година.

nafta 039

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП