4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк предлага во Германија да се оди во пензија на 69 години

Бундесбанк предлага во Германија да се оди во пензија на 69 години

penz

БЕРЛИН- Ако се усвои предлогот на германската централна банка, германците ќе бидат во можност да работат до 69 години, додека сега се работи до 65 години, поради тоа што пензискиот фонд за неколку десетици години може да се најде во проблеми.

Овие промени би требало да се воведат до 2060 година бидејки во спротивно Германија може да се соочи со проблем во врска со исплатата на пензиските обврски.

Тоа укажува, имено, дека германскиот пензиски систем во моментов е на здрави темели, но дека во следните неколку десетици години може да се доведе во прашање стабилноста на фондот.

Возраста за пензионирање до 2030 година постепено ќе се зголеми до 67 години.

Меѓутоа од Бундесбанк велат дека од 2050 година тоа зголемување на временската граница за пензионирање нема да биде доволно за германската влада да може да ги покрие трошоците за пензии и да се одржи пензијата на целното ниво од 43 отсто од просечниот приход, и затоа предлагаат возраста за пензионирање да се зголеми на 69 години.

Промените се неминовни, со цел да се задржи постоечкиот пензиски систем, се истакнува во редовниот месечен извештај на Бундесбанк.

Од друга страна портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт истакна дека остануваат на одлуката за пензионирање на 67 годишна возраст.

“Пензионирањето на 67 годишна возраст е разумна и неопходна мерка, со оглед на демографскиот развој во Германија. Затоа, имплементацијата на овие мерки ќе се спроведува според договореното, чекор по чекор, рече Сеиберт”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП