Најлуксузната марка на „Mercedes-Benz“ – „Maybach“ ќе ја открие иднината на своите автомобили со помош на нов концепт. Тоа е купе со должина од над 6 метри, кое ќе биде прикажано на претстојната изложба „Pebble Beach Concours d’Elegance“, која ќе стартува на 21-ви август.
Засега од германската компанија не соопштуваат детали за моделот, но сепак покажаа негови фотографии. Од нив, станува јасно дека возилото има добиено импозантна решетка на ладилникот со хромирани елементи и тенки „LED“ фарови.
По претходни информации машината ќе се придвижи со голем бензински мотор или од хибриден агрегат. По веројатно е Германците да се потпрат на втората опција, бидејќи во моментов „Mercedes-Benz“ инвестира огромни средства за развој на еколошки автомобили и постепено се откажува од традиционалните мотори со внатрешно согорување.
Според британското издание „Autocar“, новиот концепт треба да покаже дека „Mercedes-Benz“ може има можност да прави луксузни автомобили, кои ќе се натпреваруваат со моделите на „Rolls-Royce“ и „Bentley“. Кабината ќе има за цел да покаже на каков дизајн ќе насочат тие, а самото тоа нема да се појави во сериско производство.