4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧавушоглу: Безвизен режим со ЕУ во октомври или договорот за мигрантите ќе...

Чавушоглу: Безвизен режим со ЕУ во октомври или договорот за мигрантите ќе пропадне

cava 333

Европската унија (ЕУ) треба во октомври на Турција да и даде безвизен режим, а доколку тоа не се случи тогаш договорот за мигрантите би можел да пропадне, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, пренесува Reuters.

Запрашан околу дали илјадници мигранти ќе се упатат кон ЕУ доколку Турција не добие безвизен режим во октомври, Чавушоглу рекол дека не сака да говори за „најлошото сценарио“, но дека е јасно оти „или сите договори ќе се применат, или пак ќе пропаднат“.

Безвизниот режим со ЕУ е главната наградата за Турција поради соработката во сопирањето на мигрантскиот бран кон Европа, но одлуката за ова постојано се одлужува поради проблемите со турскиот антитерористички закон и случувањата по неуспешниот државен удар во земјата.

Пред да и се додели безвизен режим, ЕУ очекува од Турција да направи измени во својот антитерористички закон. Еврокомсарот Гунтер Етингер изјавил дека не смета оти Унијата ќе и додели безвизен режим на Турција во текот на оваа година, пред се поради масовните апсења кои се случија во земјата по неуспешниот државен удар.

„Не може ние да имплементираме се што е добро за ЕУ, а Турција да не добие ништо за возврат“, изјавил Чавушоглу, додавајќи дека сите договори укажуваат на тоа дека Турција треба да го добие безвизниот режим во октомври годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП