20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите со најдобра репутација во светот

Земјите со најдобра репутација во светот

rep 002

Шведска е земјата со најдобра репутација во светот. Тоа го покажува истражувањето, направено меѓу 48.000 луѓе од земјите од „G8“ (Франција Италија, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД, Канада и Русија) за различни фактори.

Меѓу критериумите по кои се одредува земјата победник, се убавината на природата и стилот на живот, социјалната и економската политика или придонесот кон глобалната култура.

Panorama of Stockholm, Sweden

Резултатите: Во однос на критериумите, како среќа, мир и социјален напредок, Шведска е на прво место. Со својата добра репутација земјата застанува на една позиција пред минатогодишниот победник Канада.

Нордиската земја е победник, бидејќи дава 16 месеци платено отсуство за родители, има стабилен економски раст и води насочена еколошка и одржлива политика. Заедно со тоа Шведска е безбедна земја за жените и се почитува слободата на печатот.

rep 004

Генерално во првите десет се забележува разместување. Нова земја меѓу најдобрите според репутацијата е Ирска, која ја преминува Белгија. Иако Франција е само на 15-то место на листата, таа е со најголем напредок од 2015-та година. Причината е дека и покрај многуте терористички напади, земјата остана стабилна.

rep 005

На последното, 70-тото место на листата, е Ирак. Интересно е да се напомене дека жителите на земји како Русија, Кина и Турција ги оценуваат земјите повеќе позитивно во однос на останатите. Ова не е изненадувачки, особено кај Турција, во предвид нејзината политика во последните месеци. Јужна Африка, Бразил и Италија, пак, и даваат на земјата повеќе негативна оценка во однос на останатите.

rep 006

Ова се земјите со најдобра репутација во светот:

rep 000

rep 001

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП