23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во кои земји САД извезува нафта?

График на денот: Во кои земји САД извезува нафта?

tank naf

Ретко се случува политиките, лоби групите и специјалните интереси да носат економска смисла, коментира „The Economist“. Уште поретко е смислени политики да бидат внесени во закони.

Но токму такви околности на 16-ти декември 2015-та година, кога американските законодавци гласаа за укинување на 40-годишната забрана за поголемиот дел од извозот на сурова нафта, првично создаден за да се стабилизираат локалните цени на нафтата. Одлуката се покажа толку популарна меѓу експертите по економска политика, како и меѓу големите нафтени производители.

Нафтените компании брзо ги искористија новите надлежности. Само 15 дена по укинувањето на забраната, танкер натоварен со нафта (или како некој го опишуваат – „течната слобода на Америка“), го напушти пристаништето на Корпес Кристи, Тексас, насочувајќи се кон Франција. Оттогаш тој беше проследен со многу други.

Во првото тримесечје од 2016-та година САД извезувала по 416.000 барели на ден, покажува Администрацијата за енергетски информации. Најголемите клиенти ги вклучуваат Канада, која е исклучена од опсегот на забраната уште во 1985-та година, и Кјурасао каде државниот нафтен гигант на Венецуела има рафинерија. Во вториот квартал извозот се зголемил до 547.000 барели на ден.

Сепак пазарните услови им отежнуваат  на нафтените компании да постигнат профит од извозот на „црното злато“. Револуцијата со шкрилци во САД и слабата побарувачка во светот придонесоа за глобалното намалување на цената на нафтата. Нафтата сорта „Брент“ во моментов се тргува на ниво од околу 45 долари за барел, откако се распадна од 115 долари за барел во јуни 2014-та година. Во исто време не се очекува значително обновување барем пред 2017-та година. Дури тогаш американскиот извоз на сурова нафта навистина ќе почне да цвета.

tank naf1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП