6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ со донација од неопходни добра за настраданите во...

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ со донација од неопходни добра за настраданите во поплавените подрачја

ob

Со големо жалење за изгубените човечки животи и настанатите штети од невремето што се случи во Скопје и околината, Охридска банка Сосиете Женерал ја дава својата поддршка и помош за настраданите семејства.

Имајќи ја предвид моменталната состојба и итните потреби на населението во најпогодените населби, а во координација со Црвениот Крст на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал донира храна, покривки и сигурносни обувки.

Поточно, донацијата се состои од 350 фротирски покривки, 200 гумени чизми и 4300 парчиња односно 500 килограми конзервирана храна.

Дел од донацијата ќе биде ставена на располагање на Црениот Крст на Македонија, а останатиот дел денеска беше директно испорачан од тимот волонтери од Охридска банка Сосите Женерал до најзагрозените од поплавите, жителите на Попово Маало во село Стајковци.

Вредноста на донацијата обезбедена од средства на банката и од донација на вработените во банката изнесува 600 000 денари.

Охридска банка  Сосиете Женерал верува дека оваа донација ќе значи ублажување на последиците од невремето и верува дека семејствата во најбрз можен рок ќе бидат на сигурно во своите обновени домови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП