3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком Словенија ќе продава струја и осигурувања

Телеком Словенија ќе продава струја и осигурувања

dg

Телеком Словенија побара од регулаторните агенции дозвола за проширување на бизнис дејноста бидејќи во својата понуда планира да вклучи продажба на електрична енергија, како и продажба на осигурувања.

„Се надеваме дека до крајот на годината бизнисите ќе ги прошириме на подрачјето на продажба на електрична енергија, но телекомуникациите и натаму остануваат нашата главна дејност“, наведуваат од компанијата.

Од таму уште додаваат дека имаат голема база на претплатници, па сакат да понудат нови услуги по принципот „сѐ ма едно место“.

Телеком толкува дека не сака да произведува струја, туку да им ја понуди на корисниците во соработка со некој од партнерите.

Следната година компанијата има намера да влезе во бизнисот на осигурувањето.

Словенечката влада лани се откажа од продажбата на мнозинскиот удел во компанијата која е во мнозинска сопственост на државата, а програмата за рационализација и намалување на бројот на вработени продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП