21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Најголемите бонуси за олимписки медал

График на денот: Најголемите бонуси за олимписки медал

tabela me3

На Игрите во Рио де Жанеиро спортисти се борат за нешто повеќе од златото. Славата и угледот при освојувањето на златен медал сигурно се сериозни стимулации за секој, но значителните парични награди понудени од некои земји, им додаде уште една димензија на игрите што го прави вкусот на победата уште посладок.

За време на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014-та година поранешните советски републики се покажаа особено дарежливи во однос на бонусите за медал, а Казахстан им понуди на своите спортисти по 250.000 за секој освоен златен медал.

Рио не се разликува во однос на огромните финансиски награди кои се нудат за некои победници. Сингапур е највеликодушната држава, па за освојување на златен медал на Олимписките игри во Рио натпреварувачите од оваа земја ќе добијат 753.000 долари.

Втора по великодушност е Индонезија, земјата има фиксна премија од 383.000 долари. Тројката во однос на највисоките бонуси ја оформува Азербејџан, каде што се подготвени да платат за своите спортисти по 255.000 долари за злато во Рио.

Американските освојувачи на златни медали ќе добијат по 25.000 долари.

tabela medali 333

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП