7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито Лукс со позитивни резултати за првите шест месеци

Жито Лукс со позитивни резултати за првите шест месеци

zl

Жито Лукс ја подобри Бруто добивката за 18% во првото полугодие од 2016 година, што резултираше со остварување на Оперативна добивка поголема за 27 милиони денари споредено со истиот период минатата година, а нето добивката изнесува 6,8 милиони денари.

Приходи од продажби

Вкупните приходи од продажба се намалени за 10%, воглавно поради де-фокусот на компанијата од производите со ниска профитна маржа како што е професионалното брашно, како и поради намалени цени на категоријата леб во Скопје.

Трошоци

Подоброто управување со производните трошоци и пониската цена на пченицата доведе до намалување на трошоците на продадени производи односно зголемување на Бруто добивката за 18% споредено со истиот период минатата година. Административните трошоци се зголемени за 6%, додека трошоците за продажба и маркетинг се намалени за 5%, споредбено со минатата година.

Останати оперативни приходи и расходи

Намалувањето на останатите оперативни приходи е поради отуѓување на нетековни средства расположливи за продажба во 2015 година.

Идни аспекти

Менаџментот на компанијата ги продолжува напорите за подобрување на оперативната добивка и обртниот капитал. Стратегијата е насочена кон проширување на постојните пазари и навлегување во нови, лансирање на производи со додадена вредност кои ќе ги задоволат специфичните потреби на потрошувачите и силна рекламна покриеност на овие иницијативи.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП