21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји заработуваат најмногу од меѓународен туризам?

График на денот: Кои земји заработуваат најмногу од меѓународен туризам?

intur

Има толку многу работи кои можат да се видат во светот. Од Големиот кањон до пирамидите во Гиза – секаде има барем по една неверојатна атракција за откривање. А каде се земјите со најзначајните туристички атракции? Тие се среќни со милионите долари од туристите, дојдeни во нивните земји.

Прашањето е сепак колку точно пари се трошат и во кои земји. За да одговори на ова прашање, „Visual Capitalist“ ја користи графиката на „HowMuch.net“ со земјите кои добиваат најмногу од туризмот секоја година. Колку поголема е одредена земја, толку повеќе заработува таа од меѓународни туристи.

Според податоците петте најпрофитабилни земји од меѓународен туризам се САД, Франција, Шпанија, Велика Британија и Кина.

САД заработува 220,1 милијарди долари годишно од туристи. Земјата е голема и разновидна, а во неа се наоѓаат, како големите возбудливи градови како Њујорк и Сан Франциско, така и познатите со историја или култура, како Њу Орлеанс и Вашингтон. Туристите можат да се насочат и кон плажите на Јужна Калифорнија, „лудницата“ во Вегас, спокојството на Орегон, флората и фауната на Алјаска или музиката во Нешвил.

Франција е на второ место, но со доста помала сума од 66,8 милијарди долари годишно. Најпопуларните дестинации се Париз, Бордо, ренесансниот град Лион, Марсеј, како и главниот град на француската ривиера – Ница.

Шпанија е малку зад Франција, добивајќи 65,1 милијарди долари од меѓународен туризам секоја година. Најголемата земја на Пиринејскиот полуостров може да понуди многу повеќе од едноставно патувања до Ибица или предјадења во Севиља. Архитектурата на Барселона е величествена, Мадрид е „оживеан“, а има и многу скриени културни драгоцености за откривање, на пример мавританските споменици и замоци на југот.

Британија има многу скриени богатства и токму затоа добива 62,8 милијарди долари од туризмот годишно. Туристите можат да уживаат на скоч вискито на Шкотска или да го посетат Лондон. Природата на Велс, римските базени на Бат или пржената храна во Единбург – сите тие се привлечни за туристите. А и таа сепак е домот на „Beatles“ и Шекспир.

Кина ја надмина Германија со 1 милијарда долари и е петта најпосетена земја во светот со 56,9 милијарди долари од туризмот. Тоа можеби е најголемото изненадување во рангирањето – луѓето знаат дека Кина е земја во развој со најголемо население во светот и втора по големина економија, но не ја познаваат како главна туристичка дестинација. Кина привлекува милиони посетители годишно од соседните земји како Јужна Кореја, Јапонија, Виетнам, Малезија и Монголија.

inbound-tourism-expenditure-7cc7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП