2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows станува посигурен, бројот на неажурирања на системот е во опаѓање

Windows станува посигурен, бројот на неажурирања на системот е во опаѓање

vind33

„Microsoft“ се обидува да ја подобри безбедноста на „Windows“, па речиси секоја верзија која ќе се појави доаѓа со значителни подобрувања на ова поле, иако бројот на незаштитени системи и натаму е проблем.

Тоа очигледно влијае на резултатите од трудот на „Microsoft“, затоа што корисниците кои не ги надоградиле своите системи ги чуваат своите компјутери многу ранливи.

Новата студија која ја спроведе агенцијата „Secunia“, покажува дека бројот на оние кои навистина го заштитиле својот оперативен систем е во пораст, што докажува дека корисниците се многу свесни за ризиците од стартувањето на систем кој е ранлив.

Конкретно, извештајот покажува дека во вториот квартал само 5,4 проценти од системите биле неажурирани, што е намалување во однос на 6,2 отсто од првиот квартал и други 10,3 посто од истиот период од минатата година.

Експертите од компанијата „Secunia“ ја поздравуваат промената и објаснуваат дека „Windows 10“ би можел да донесе уште подобрувања во тој поглед, посебно имајќи ја во предвид новата политика на „Microsoft“ за надоградбите. Oва нормално не значи и дека корисниците на „Windows“ се во целост заштитени, но голема е користа од зголемениот интерес за ажурирање на оперативниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП