30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche пушта намалени Cayman и Boxster

Porsche пушта намалени Cayman и Boxster

boksi4445555

Германската марка „Porsche“ ќе влезе во сегментот на достапните спортски автомобили, со претставуањето на „намалени верзии“ на моделите „718 Boxster“ и „718 Cayman“, пренесува „Automotive News Europe“.

Новите модификации ќе се карактеризираат со пониска цена и пониска моќ, а ќе се нудат единствено на пазарот во Кина. Тоа воопшто не е случајно, сепак токму Кина е најголемиот пазар за брендот, а „Porsche“ се стреми да привлече нови клиенти.

Со новите достапни верзии германската компанија се надева да ја зголеми продажбата на „718 Boxster“ и „718 Cayman“ во земјата до 4.500 примероци годишно. Во моментов двата модела генерираат околу 2.500 возила.

Најпродаван модел во кинеската палетата на „Porsche“ е моделот „Cayenne“. Најголемиот спортски теренец е 16 пати повеќе баран од култниот модел за брендот „911“, станува јасно од информациите.

Не е познато колку повеќе прифатливи ќе се новите верзии на „718 Boxster“ и „718 Cayman“. Познато е дека тие ќе се опремени со 2,0-литарски мотор со моќност 250 КС. Досега најслабите верзии на двата модела располагаат со истиот мотор, но генерираната моќност е од 300 КС.

Најевтиниот „Cayman“ (300 КС) стартува близу 52.000 евра во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП