2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Император“ - новата генерација на популарната Corvette

„Император“ – новата генерација на популарната Corvette

2016 Chevrolet Corvette Stingray

Следниот модел од гамата на „Chevrolet Corvette“ – „C8“, ќе биде опремен со 2 електромотори и ќе има нов додаток на името – „Emperor“ (Император).

Според податоците, откриени од американското издание „The Detroit News“, „императорот“ ќе ги претрпи најрадикалните промени во историјата на „Corvette“, главната новина ќе е моторот, лоциран во средината на шасијата.

Со оваа промена пазарните експерти на „General Motors“ сметаат дека новото засилување на „Corvette“ ќе биде продуктивно на пазарот, а главно се очекува да го привлече вниманието на младите кои бараат спортски автомобили.

Паралелно со „C8“ сепак, на пазарот ќе продолжат да се нудат и некои модификации на постари модели како „Z06“ и „Grand Sport“. Тие ќе се продаваат до 2021-ва година, додека „C8“ ќе се појави на пазарот една година по своето деби, кој ќе се одржи во јануари 2018-та година.

Од гледна точка на механиката, „Emperor“ ќе има „V8“ мотор кој ќе ги придвижува задните тркала, додека предните ќе бидат поврзани со два електромотори.

Најверојатно новиот „Corvette“ нема да ја задржи релативно ниската цена, по која се нуди актуелниот „C7“. Очекувањата се „C8“ да биде значително поскап од својот претходник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП