27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch 2 ќе биде готов наесен

Apple Watch 2 ќе биде готов наесен

voc94

Втората генерација на „Apple Watch“ ќе биде претставена во текот на есента. Оваа година традиционалниот есенски настан на „Apple“ ќе е во фокусот на паметните часовник и преносните компјутери на компанијата, пишува аналитичарот на „KGI Securities“, Минг-Чи Куо, цитиран од онлајн изданието „MacRumors“.

Куо често е меѓу првите кои објавуваат информации за новите планови на „Apple“. Обично знае релативно точно што подготвува „Apple“.

Според него „Apple Watch 2“ ќе биде претставен оваа есен. Часовникот ќе има подобар процесор, „GPS“, барометар, подобрена отпорност на вода и моќна батерија. Спротивно на другите гласини Куо не очекува дека „Apple Watch 2“ ќе има „LTE“ модул за безжична врска. Тој предвидува дека таков ќе биде додаден во 2017-та година.

Од гледна точка на дизајнот, Куо не очекува промени. Визуелно моделот ќе е речиси ист, иако ќе користи потенок екран. Ова ќе ослободи малку простор за дополнителните подобрувања на хардверот кои „Apple“ ги планира. Засега аналитичарот нема информации дали „Apple Watch 2“ ќе има вградена камера за видео разговори, како што велат дел од гласините.

Во меѓувреме онлајн изданието „9to5Mac“ соопшти и малку деталите за новата генерација лаптопи „MacBook Pro“. Неодамна „Apple“ беше критикувана дека практично не направила голема обнова на лаптопите веќе неколку години.

Тоа можеби ќе се промени уште оваа есен. Според изворите на весникот, „MacBook Pro“ ќе добие сензор за отпечатоци, кој е вграден во копчето за вклучување. На овој начин само сопственикот на лаптопот ќе може да го вклучува и користи. Веројатно ќе има и можност сензорот да се користи за идентификација во онлајн продавници преку „Apple Pay“.

Меѓу другите новини се „USB-C“ портите кои ќе бидат компатибилни и со стандардот „Thunderbolt 3“. Се разбира, кон тоа се додава и последната генерација процесори, најверојатно на „Intel“, подобрен дисплеј и друго. И покрај сето ова и лаптопот најверојатно ќе го задржи дизајнот речиси непроменет. Засега Apple не коментираше на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП