19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Gap забележа поголем пад од очекуваниот

Продажбата на Gap забележа поголем пад од очекуваниот

gap45

Продажбата на „Gap Inc.“ бележи пад во јули од 4%, или повеќе во однос на очекуваното, поради помалата побарувачка меѓу истоимениот бренд и „Banana Republic“, посочува „MarketWatch“.

Во четирите недели до 30-ти јули трговецот на облека забележува 14% намалување на продажбата во „Banana Republic“ и 4% во истоимениот бренд.

Аналитичарите кои беа испитани од „Thomson Reuters“ очекуваа вкупно намалување од 0,3%, вклучувајќи и 3,9% пад во „Banana Republic“ и 1,4% во „Gap“. Продажбата во „Old Navy“ е без промена во јули во однос на очекувањата од аналитичарите за раст од 1,6%.

За последниот квартал „Gap“ очекуваше профит на една акција од 58 центи до 59 центи, што е над предвидените од аналитичарите 48 центи по акција.

Во кварталот продажбата оствари пад од 2%, а прелиминарните нето приходи од продажбата се за 3,85 милијарди долари. Аналитичарите предвидуваа 3,78 милијарди долари.

Во мај „Gap“ предупреди за слаба продажба и дека ќе преземе чекори да се оптимизира бизнисот, вклучувајќи го оценетите операции на „Banana Republic“ и „Old Navy“ надвор од Северна Америка.

За да се справи со падот на продажбата, главниот извршен директор на „Gap“, Арт Пек ангажираше нови директори и вети брза промена на стоковиот асортиман. Покрај тоа, компанијата го стеснува присуство, така што затвора десетина локации.

Акциите кои загубија 27% од вредноста во последните 12 месеци, се обезценија со 4,8% до 24,40 долари во берзанската сесија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП