28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPokemon Go за еден месец заработи 180 милиони евра

Pokemon Go за еден месец заработи 180 милиони евра

pokemon go333

„Pokemon Go“ го освои светот на смартфоните, а за еден месец колку што е достапна, од 7-ми јули до 7-ми август, заработи повеќе од 180 милиони евра.

Креацијата на програмерите од компанијата „Niantic“ од Сан Франциско заработила малку повеќе пари од второпласираната игра „Клеш ројал“, но по лансирањето на играта „Pokemon Go“ во Јапонија кон средината на јули следел еден вид на „бум“.

Иако првичната популарност на играта сега е намален, „Pokemon Go“ и натаму го држи првото место според бројот на превземања кога станува збор за бесплатниот сектор во „Apple Store“.

Последната држава во која „Pokemon Go“ е лансирана е Сигнапур, а во исто време оваа забава е овозможена и  во неколку други азиски држави и Окенанија. Сепак, се уште се чека лансирањето на поненцијално најпрофитабилниот пазар – Кина.

Постои можно играта воопшто да не се појави во таа земја, затоа што кинеските власти забрануваат користење на мобилниот „GPS“ кој е неопходен за играње на „Pokemon Go“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП