21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите стануваат уште побогати! Милијардерите и општата состојба кршат рекорди! (фото+видео)

Богатите стануваат уште побогати! Милијардерите и општата состојба кршат рекорди! (фото+видео)

bo34

И покрај економските и пазарните турбуленции во минатата година една група изгледа се справи доста добро – онаа на милијардерите.

Целокупната благосостојба на милијардери во светот (дефинирани како индивидуи со нето богатство во вредност од 1 милијарда долари или повеќе) се зголемило за 5,4% до рекордни 7,7 илјади милијарди долари, покажуваат податоците од редовното истражување на „Wealth-X“. За споредба, бруто домашниот производ (БДП) на САД е околу 17 илјади милијарди долари.

Истовремено бројот на милијардери во светот се зголеми за 6,4% до 2473 во 2015-та година.

Милијардерите контролирале 3,9% од вкупното богатство на домаќинствата на глобален план во минатата година, што претставува мал пад во однос на делот од 4% во 2014-та година, проценуваат од „Wealth-X“, консултантска компанија која користи јавни податоци и сопствени истражувања, за да го следи богатството на супербогатите.

Распределба на богатството на милијардерите:

bo33

„Богатството помага да се „трупа“ уште богатство“, коментира за „Wall Street Journal“ Дејвид Баркс, директор во „Wealth-X“.

Европа, Блискиот Исток и Африка остануваат регионите со најголем број милијардери (1013), а на второ место се Северна и Јужна Америка со 782 милијардери. Се очекува, сепак азиско-пацифичкиот регион да ја претекне Америка, прогнозира Баркс. Во азиско-пацифичкиот регион, каде има вкупно 678 милијардери, во текот на минатата година се појавиле четири пати супербогаташи од Америка.

Северна и Јужна Америка, меѓутоа ја засени Европа, Блискиот Исток и Африка во вкупна вредност на богатството на милијардерите, кое изнесува 3 илјади милијарди долари во однос на 2,8 илјади милијарди долари.

Интересен тренд е дека се повеќе млади наследници стануваат милијардери. Оние со делумно наследеното богатство продолжуваат да бидат најбрзо растечка група, а нивниот број се зголемил за 29,9% на годишна основа.

Повеќето милијардери сепак сами го стекнале богатството, покажува истражувањето. 87% од новите богаташи го постигнале тоа самостојно во 2015-та година – повеќе од дела од 81% во 2014-та година

Финансискиот сектор останува оној во кој најчесто се акумулира првата милијарда, но бројот на богаташите во него се намалува за 5,5% минатата година, а нивното заедничко богатство се намалува со 6,6%.

Се зголемува разликата на половата основа. Од вкупно 148 нови милијардери во минатата година 140 се мажи. Така само 294 од сите милијардери се жени, а 2179 се мажи.

Со зголемување на милијардерите расте и нивната желба за добротворни цели. Со филантропија се занимаваат над 56% од сите милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП