28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 900 милиони уреди со Android се засегнати од нова ранливост

Над 900 милиони уреди со Android се засегнати од нова ранливост

andri335

Речиси сите смартфони и таблети со „Android“ кои користат процесори на „Qualcomm“, се погодени од ранливост, која може да им овозможи на хакерите целосна контрола над уредот. Откритието е на компанијата за сајбер безбедноста „Check Point“, соопштува интернет изданието „ZDNet“.

Експертите го крстиле проблемот „Quadrooter“. Неговото име е избрано, бидејќи станува збор за вкупно четири пропусти кои влијаат на чиповите на „Qualcomm“.

Хакерите може да имаат корист од нив, така што ќе го натераат корисникот да инсталира однапред заразена апликација. Притоа апликацијата нема потреба од специјални привилегии за пристап и може да изгледа сосема „невино“ на прв поглед.

Освен тоа, за хакерите нема разлика која од четирите пропусти ќе ја користат. Сите ќе дадат ист резултат – целосен пристап до уредот, вклучувајќи го целиот хардвер, софтвер и сите податоци.

„Check Point“ истакнува дека меѓу погодените телефони се „Google Nexus 5X“, „Nexus 6“, „HTC One M9“, „HTC 10“, „Samsung Galaxy S7“, „S7 Edge“. Постарите и поевтините телефони и таблети, исто така спаѓаат во листата. Место има и за „BlackBerry DTEK50“ кој компанијата го претстави како најбезбедниот паметен телефон во светот.

„Qualcomm“ соопшти дека е известен за проблемот и тој ќе биде решен во нова софтверска обнова, а истата е испратена до производителите и компаниите. Три од четирите слабости се решени во последната месечена надградба за „Android“, која „Google“ ја објави неодамна. Во септември ќе биде решен и четвртиот проблем, а производителите можат да го направат тоа и порано, ако сакаат самите да го испратат обновувањето до уредите.

Сепак останува проблемот дека повеќето смартфони, особено постарите модели, ретко или воопшто не добиваат софтверски надградби. Корисниците на таквите модели ќе мора да се потпираат на сопствената внимателност и да не инсталираат апликации од непознати креатори или од места надвор од „Google Play Store“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП