17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota е најпродаван бренд во светот

Toyota е најпродаван бренд во светот

A vehicle for sale is pictured at AutoNation Toyota dealership in Cerritos

Јапонскиот производител „Toyota“ продолжува да го задржува првото место во рангирањето за најпопуларен бренд во светот. Тоа го покажува истражувањето на агенцијата „focus2move“, според кое за првите 6 месеци од 20160-та година, Брендот од Земјата на изгрејсонцето забележал 4.187.000 продажби на глобалните пазари.

Резултатот на „Toyota“ е за 16.000 единици подобар од оној за првото полугодие од минатата година, што претставува раст од 0,4%. На второ и трето место со минимална разлика се „Volkswagen“ и „Ford“. Германската марка има 3.256.000 продажби (-1,4%), а пак американската 3.177.000 (+ 3,1%). И двата брендови заостануваат приближно со милион единици зад лидерот.

Промени во првата десетка на марките речиси нема. Сепак треба да се напомене дека „Mercedes-Benz“ влегува во Топ 10, а „Honda“ и „Renault“ се искачуваат со по едно место во споредба со минатата година. Во исто време „Peugeot“ загуби 3 позиции и сега е на 12-то место наместо на 9-тото место, каде што беше пред 12 месеци.

Генерално за периодот јануари-јуни 2016-та година на светските пазари се продадени 45.8 милиони нови автомобили, што е рекорд во историјата на автомобилската индустрија. Резултатот е за 3% подобар од оној во првото полугодие од 2015-та година.

toj399

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП