28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на OnePlus 3 е стопирана поради преголема побарувачка (видео)

Продажбата на OnePlus 3 е стопирана поради преголема побарувачка (видео)

oneplus 3855

Компанијата „Apple“ бележи пад во продажбата на „iPhone“, додека „Samsung“ се надева дека со новиот фаблет „Galaxy Note 7“ ќе направи голем успех.

Меѓутоа, конкурентската компанија „OnePlus“ има друг „проблем“, а тоа е големата побарувачка поради која продажбата на смартфонот „OnePlus 3“ е привремено стопирана.

Голема популарност на овој уред не очекуваше ниту самата компанија „OnePlus“, a побарувачката е толку голема поради што производителот мораше привремено да ја стопира продажбата. Основачот на компанијата Карл Пеи ја објасни оваа одлука.

„Оние кои нарачале „OnePlus 3“, забележаа дека времето на испорака се продолжува. Причината е едноставна. Верувавме во нашиот смартфон кога започна продажбата, но истата во Европа е многу подобра од тоа што го очекувавме. Поради тоа одлучивме привремено да ја стопираме продажбата со цел да направиме поголема залиха“, изјави Пеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП