5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка со добивка од над 4 милиони евра за првото полугодие

Охридска банка со добивка од над 4 милиони евра за првото полугодие

oh

Кумулативниот реализиран финансиски резултат пред оданочувањето за периодот јануари-јуни 2016 година изнесува 255.6 милиони денари и споредено со истиот период во минатата година, е понизок за 3.8 милиони денари или 1,5%, поради вклученоста на значителен износ на други приходи во резултатот од првата половина од минатата година додека споредено со планираниот за првото полугодие оставрениот резултат е за 18,6% повисок.

Нето-приходите од камати на крајот од јуни 2016 година изнесуваат 552.5 милиони денари и забележуваат пораст од 18,8% во споредба со остварените нето-приходи од камати во минатата година, со реализација на планот од 105,5% .

Приходите од каматите се зголемени за 24.8 милиони денари или 3,4% како резултат на зголемените приходи од камати од кредити на клиенти поради влијанието на зголемените пласмани.

Каматните трошоци забележуваат намалување за 62.9 милиони денари или 24,2% како резултат на намалените каматни трошоци на депозитите на клиентите и намалените трошоци по основ на субординираниот долг, додека во исто време се зголемени трошоците по основ на камати за финансирање од меѓународни финансиски институции поради зголемување на состојбата.

Во анализираниот период, нето-приходите од провизии и од надоместоци изнесуваат 131.2 милиони денари и во однос на 2015 година се зголемени за 5,7 милиони денари или 4,6%, со реализација на планот од 89,2%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 49.0 милиони денари и се намалени за 3,9 милиони денари или 7,4% во споредба со истиот период од минатата година, со реализација над планот за соодветниот период од 3,2%.

Другите приходи споредено со истиот период минатата година се намалени за 66.8 милиони денари во кој износ за првото полугодие од 2015 година е вклучен поголем износ од реализираната продажба на преземени средства за наплата на побарувања.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари-јуни изнесуваат 356,1 милиони денари и споредено со претходната година забележуваат намалување од 1,7%, претставувајќи реализација од 93,1% од планираното за овој период од годината.

Намалените оперативни трошоци се резултат на намалените трошоци на вработени, за репрезентација и комуникации, трошоци за одржување, канцелариски материјали, трошоци за закупнина, осигурување и друго.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од јуни 2016 година изнесува 127,5 милиони денари и споредено со истиот период во 2015 година е зголемена за 32,5%, и е во линија со планираниот износ за првото полугодие од тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП