28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle веќе енкриптира 97% од целиот сообраќај на YouTube

Google веќе енкриптира 97% од целиот сообраќај на YouTube

google_youtube

„Google“ веќе енкриптира 97% од целиот сообраќај на „YouTube“. Видео порталот заостануваше во однос на другите услуги на „Google“ во поглед на шифрирањето, бидејќи имаше многу повеќе потешкотии.

Од компанијата ги посочуваат и трите најголеми предизвици. На прво место е големиот обем на сообраќај. Видеото е „долгиот“ тип сообраќај, што бара и сериозен хардвер. Тој е достапен, но е потребно време додека се конфигурира за „HTTPS“ врска, бидејќи „Google“ го користи стандардот „AES“, за да не додаваат уште сервери само за оваа намена.

Освен тоа има многу барања кои доаѓаат од различни платформи. Кон ова треба да се додадат рекламите и останатите надворешни елементи на порталот, кои исто така треба да бидат обезбедени.

Третата причина е големиот избор на уреди преку кои корисниците влегуваат во „YouTube“. Инженерите на „Google“ го тестирале „HTTPS“ со секој уред, за да се уверат дека употребата на стандардот нема да влијае негативно на корисничко искуство и да доведе до проблеми.

За сега нема 100% од сообраќајот да биде шифрирана. Се уште има уреди кои се користат од луѓето во светот кои сепак се стари и не го поддржуваат модерниот „HTTPS“. Затоа се уште има можност за влегување во „YouTube“ без „HTTPS“ конекција, но постепено компанијата ќе почне да ја ограничува и оваа можност. Но тоа ќе се случува бавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП