6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТешки времиња за швајцарските производители на часовници

Тешки времиња за швајцарските производители на часовници

cas sviss

Оваа година не е воопшто добра за швајцарските производители на часовници, а останатиот дел од неа се претпоставува дека нема да биде поубава, пишува „Bloomberg“.

Трговците имаат големи резерви, според студија на „Credit Suisse“. Во јуни извозот на швајцарски часовници се намалил за 16% – најлошото претставување од пред 18 месеци, според Федерацијата на швајцарските часовничари.

Одложувањето на растот на економијата и антикорупциската политика доведоа до намалување на продажбата во Кина и Хонг Конг. Терористичките напади во Европа пак ги обесхрабрија туристите, а силниот долар и загриженоста околу претседателските избори ја слабеат побарувачката во САД. „Brexit“ пак има силно влијание во Велика Британија, водејќи до намалување од 26% на пазарот.

cas sviss1

За да се справат со сето тоа, швајцарските производители треба да се прилагодат и на променливите вкусови. Инвестициите во паметни часовници е разумно. „Tag Heuer“ на „LVMH“ не може да се справи со побарувачката на својот паметен часовник, кој чини 1.500 долари, и планира да го интензивираат производниот капацитет. Намалувањето на трошоците е исто така клучно.

Производителите на часовници, кои не разбираат дека времињата се менуваат се среќаваат со отпор од страна на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП