Футуристичкиот „Nissan BladeGlider“ кој видовме како концепт за време на автосаемот во Токио во 2013-та година, е веќе целосно функционален автомобил. Тој ќе биде демонстриран подоцна во овој месец на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, каде што ќе нуди динамични тестови на новинарите и „VIP“ гостите.
Автомобилот е се уште прототип, но веќе е целосно функционален и располага со современ погонски систем. Агрегатот е целосно електрично развиен од техничкиот партнер на „Nissan“ – „Williams Advanced Engineering“, и вклучува два мотори со вкупна моќност од 268 КС и 707 Нм вртежен момент, кои се поставени во секое од задните тркала. Максималната брзина е над 190 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае под 5 секунди, се вели во официјалната информација од јапонската компанија.
Машината е опремена и со „torque vectoring“ систем, кој ја контролира распределбата на вртежниот момент меѓу погонските тркала. Ако возилото почне да влегува во кривина, технологијата автоматски испраќа повеќе вртежен момент кон надворешното тркало на свиокот, за да се спротивстави на недоволното вртење. Системот е дизајниран да даде додадена вредност на задоволството од управувањето, а не толку да го контролира, додаваат од „Nissan“ и дополнуваат дека технологијата има три поставки: „Off“, „Agile“ и „Drift“.
Друга љубопитна подробност кај „BladeGlider“ е поставеноста на седиштата што е во конфигурација 1 + 2 – слично на легендарниот „McLaren F1“. Во внатрешноста е нагласен спортскиот дизајн, така што има инспириран волан од болидите, спортски седишта со 4-точки на појасите и повеќе монитори, претставувајќи секакви информации, вклучувајќи од камерите, кои ги заменуваат вообичаените ретровизори.
Електромобилот има напредена конфигурација на шасијата со тесна предна трага и поширока задна трага, на тој начин се оптимизира аеродинамичната ефикасност и стабилноста на управувањето.
Во моментов не е јасно дали „Nissan“ планира да започне со производство на „BladeGlider“. Дополнителни детали ќе бидат достапни до крајот на овој месец, кога ќе се оддржи динамичната презентација на возилото.