22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД во јуни скокна до 10-месечен врв

Трговскиот дефицит на САД во јуни скокна до 10-месечен врв

def usa

Трговскиот дефицит на САД скокна за 8,7% во јуни, достигнувајќи го 10-месечениот врв од 44,5 милијарди долари, што се должи на повисоката цена на нафтата и поголемиот увоз на стока за широка потрошувачка, како мобилни телефони и лекови, пренесе „MarketWatch“.

Економистите анкетирани од „MarketWatch“, очекуваа трговскиот дефицит да порасне до 43,2 милијарди долари од ревидираните 41 милијарди долари во мај.

Увозот се зголемува за 1,9% во јуни до сезонски прилагодените 227,7 милијарди долари, објави владата. Извозот забележа раст од 0,3% до 183,2 милијарди долари. Податоците покажуваат дека САД изнеле помалку нафта и нови автомобили во јуни.

Во исто време трговскиот дефицит на САД во трговијата со Кина порасна до 29,8 милијарди долари, највисоко ниво од ноември минатата година, главно заради поголемиот увоз на електроника и други стоки за широка потрошувачка.

Извозот на САД до Канада достигна 24 милијарди долари, што е врв во последната година.

Трговскиот дефицит останува речиси без промена во последната година. Просечниот дефицит во трите месеци меѓу април и јуни е 40,1 милијарди долари, што е малку понизок од истиот месец во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП