6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиските камати го успоруваат растот на кредити на Erste

Ниските камати го успоруваат растот на кредити на Erste

Bankenlogos, ERSTE BankPhoto: Michaela Bruckberger

Растот на кредити кај „Erste Group Bank AG“ се забавува во вториот квартал, а за најголемата австриска банка станува потешко да го компензира поради рекордно ниските камати, забележува „Bloomberg“.

Кредитното портфолио на „Erste“ се покачува за 667 милиони евра за трите месеци до јуни наспроти 843 милиони евра во првото тримесечје. Со ова прирастот во првото полугодие изнесува 1,2 отсто.

Нето добивката се дуплира до 567 милиони евра на годишна основа, покажаа прелиминарните резултати објавени на 14-ти јули.

Иако клучните пазари за „Erste“ не растат со брзо темпо, „побарувачката на кредити на домашниот пазар не е целосно доволна за да ги задржи каматните приходи стабилни“, коментира извршниот директор Андреас Трејхл.

Според еден од најдолго владејачките извршни директори на чело на банка во Европа, „Erste“ има потреба од околу 5% раст на кредити во 2016-та година, за да се задржат приходите од камати.

„Erste“ која е зад „UniCredit“ во доминацијата во Источна Европа, исто така се обидува да го стимулира растот на приходите од такси, нудејќи им на клиентите да ги префрлаат парите од депозитите во заеднички фондови.

Во вториот квартал нето каматниот приход забележа пад до 1,1 милијарди евра во споредба со 1,11 милијарди евра пред една година.

Основниот капитал од прв ред (Common Equity Tier 1 – CET 1) се зголемува до 12,7%.

„Во некои земји растот на кредити е од 9%, што е најсилен во Чешка и Словачка“, изјави Трејхл во интервју за „Bloomberg Television“. „Ова е главната причина за задржување на нето каматниот приход, така што ќе се надоместат загубите од портфолио инвестициите“, каде банката загуби 25,8 милиони евра.

Од почетокот на годината акциите на „Erste“ поевтинуваат со 21% кај 9,9 милијарди евра пазарна капитализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП