28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi претстави свои очила за виртуелна реалност

Xiaomi претстави свои очила за виртуелна реалност

ocila xiaomi 33

„Xiaomi“ ги претстави своите очила за виртуелна реалност. Моделот „Mi VR Play“ првично ќе биде насочен кон кинескиот пазар, пишува „PC Mag“.

Очилата се конкурент на „Gear VR“ на „Samsung“. Тие ќе можат да се користат со паметни телефони со екрани од 4.7 до 5.7 инчи. За сега не е јасно дали ќе ги бидат компактни само со моделите на „Xiaomi“ или и на други производители.

Наместо држачи, телефонот се држи на место со патент. Целта на „Xiaomi“ е да ги направи очилата максимално лесни и комфорни, а компанијата предвидува постепено да нуди различни бои и шари.

Паралелно со тоа „Xiaomi“ развива и своја апликација за виртуелна реалност. Компанијата веќе има и склучени партнерства со креатори на содржини, сака да создаде голема платформа, во која ќе има и обично видео, „3D“, виртуелната реалност.

За сега „Xiaomi“ не ја објави цената и датумот за лансирање на очилата. Оваа недела компанијата ја објави првата верзија за програмери, а за нив цената е само 15 центи. „Xiaomi“ се пофали и уште дека за 8 часа добила 1 милион регистрации од луѓе кои сакаат да ја тестираат бета верзијата на очилата. Очекувањата се дека крајниот производ, исто така ќе е со прилично ниска цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП