16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го започна производството на новиот Civic

Honda го започна производството на новиот Civic

honda ci333

Производството на новото издание на американскиот „Civic“ започна во британската фабрика на „Honda“ во Свиндон (HUM), соопштуваат од јапонската компанија. Тие прецизираат дека уште на крајот на оваа година фабриката ќе почне со производство и на моделот за Европа.

Британската фабрика на „Honda“ во Свиндон е глобалниот производствен центар за десетата генерација на хечбекот. За таа цел во фабриката беа инвестирани околу 200 милиони фунти.

„Civic“ е најпродаван модел на „Honda“ во светот и неговата десетта генерација е едно од најголемите случувања преземени досега од брендот. Верзијата седан со четири врати дебитираше на американскиот пазар во крајот на 2015-та година и беше избрана за „Автомобил на годината“ за Северна Америка. Произведениот хечбек во Велика Британија ќе биде достапен кај американските дилери на марката во септември.

Производство на хечбекот за Европа започнува во крајот на 2016-та година, а продажбата од првата четвртина на 2017-та година.

Фабриката во Свиндон ќе извезува моделот и за други глобални пазари. Таа е најголемиот производствен центар на „Honda“ во Европа и клучен дел од светската мрежа на брендот. Над 2,1 милијарди има инвестирано компанијата во него од 1989-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП