1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz со 46% годишен пад на тримесечната добивка

Allianz со 46% годишен пад на тримесечната добивка

allianz566

Профитот на „Allianz SE“ за вториот квартал се намали поради повеќето претензии од природни катастрофи, пренесува „Bloomberg“.

Нето добивката се намали за 45,5% на годишно ниво или до 1,1 милијарди евра од 2,02 милијарди евра, колку што беше една година порано. Тоа е помалку од очекуваниот просек од 1,55 милијарди евра од 12-те анкетирани аналитичари.

Најголемата осигурителна компанија во Европа ја потврди својата цел за годишниот оперативен профит од 10 милијарди до 11 милијарди евра во однос на претходниот резултат од 10,7 милијарди евра во 2015-та година.

Осигурениците во Европа се под притисок, откако ниските камати го искривуваат враќањето од инвестициите кај кои во принцип се јавува еден вид тампон за финансиските резултати, кога придобивките ќе нараснат, на пример. Покрај тоа индустријата се бори со построги регулаторни капитални барања и потиснати цени на некои пазари.

Главниот извршен директор на „Allianz“ Оливер Бете сака да се постигне годишен раст на профитот на една акција од 5% во просек во текот на следните три години и поврат на капиталот од 13% до 2018-ма година.

Единица за управување со средства, која се состои од „Pacific Investment Management Co.“ и „Allianz Global Investors“, исто така, е под притисок да го зголеми профитот, откако Бил Грос го напушти „Pimco“ во септември 2014-та година. Оттогаш „Pimco“ изгуби околу четвртина од средствата и веќе не управува со околу 1,5 илјади милијарди долари.

Водечкиот фонд „Pimco Total Return“, некогаш најголемиот заеднички фонд во светот, се немали со 70% до 86 милијарди долари во последните три години по слабото претставување и откако парите го следеа Грос.

Во јули „Pimco“ го назначи Мани Роман за извршен директор од „Man Group Plc“. Во „Pimco“ чии средства се речиси 20 пати повеќе од оние на „Man Group“, Роман се очекува да ги намали трошоците и ја зголеми палетата, за да го заживее профитот.

Тој ќе започне со работа на 1-ви ноември и ќе поднесе извештај до раководителот на единицата за управување со средства на „Allianz“, Жаклин Хант.

Од почетокот на годината акциите на осигурителната компанија поевтинуваат за 22%. Нејзината пазарна капитализација изнесува 59 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП