3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го состави милионитиот Q5 во Германија

Audi го состави милионитиот Q5 во Германија

milion ku 00

Јубилејниот примерок од фабриката во Инглоштад е син „SQ5“, a покрај во матичната земја, „Audi“ овој „SUV“ модел го изработува и во Кина и Индија.

„Audi“ одебележа значаен јубилеј – производство на милион возила од семејството „Q5“ во Германија.

Моделот „Q5“ е претставен уште во 2008-ма година, како втор автомобил во „Q“ гамата (по „Audi Q7“). Досега во сите три фабрики (вклучувајќи ги оние азиските) се произведени 1,6 милиони примероци од „Audi Q5“.

milion ku 01

Овој автомобил се продава во повеќе од 100 земји ширум светот, а покрај тоа што веќе подолго време е присутен на пазарот, „Q5“ и натаму бележи добри продажни резултати. Па така „Audi“ во 2015-та им испорача на купувачите 266.968 единици, што е за 8% повеќе отколку во 2014-та година, кога беа пласирани 247.446 возила.

Новата генерација е во подготовка, па треба да се очекува „Audi“ наскоро да го претстави наследникот на овој модел, можно е тоа да се случи веќе во октомври, на авто-саемот во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП